Љубов
Седеа еден до друг во тесната просторија. Нивните погледи повремено се сретнуваа. Нејзината присебност и приземјеност ја дополнуваше тишината во малата просторија. Неговите фантазии и хаотични емоции забележително се одразуваа , преку гримасите што ги правеше. Живееја исти животи, но сепак различни... и ова што го пишувам е глупаво... И повторно истото. Што е реалност, што е фантазија? Што е лудило, што е нормалност? Го гледаме светот не онаков каков што е , туку онака како што не научиле...
Јас сум мравка. Мравка меѓу џиновите што сакаат и не знаат како да го гледаат тоа што е пред нив...
Дадено ни е време , наше е да одбереме што ќе правиме со него. Па времето не постои. Постојат само различни светови. Свет. Дали овој поим , математички, физички, филозофски, зависи од концептот време? ...
Таа има мека, нежна, бела кожа. Убава е... не, не, прекрасна е. Но таа ... таа не сака да го прифати мојот свет. Јас не барам да живее во него, само да го разбере, да ме разбере. Љубов... Одраз на хемиска реакција, надеж дека е пронајдена идеалната фантазија, надополнување на етеричното тело... дефиниции, дефиниции...
... Седам сам во истата тесна просторија. Креветот е неудобен, тврд. Секогаш бил. Работната маса е празна. Добро е што ја исчистив , никогаш не сум сакал да оставам неред зад мене. Од мојата десна страна, на ќебето, лежи пиштолот. Немам друг избор. Само ова е начинот да докажам дека времето не постои. Glock. Го чувствувам, го допирам со врвовите од прстите на десната рака. Нежно. Како да го милувам. Секогаш ме восхитувале дразбите на сетилото за допир. Меко. Рапаво. Нежно. Топло. Ладно... Чувство...
Го држам во десната рака. Прекинувачот за безбедност е откочен. Возбуден сум. Ама морам. Морам да знам, морам да докажам. Не на светот, не на себе си... на универзумот... Ја чувствувам ладната цевка на слепоочницата. Рано е. Се уште не е 13 часот. Но зашто да чекаме. Го повлекувам прекинувачот...
... Тесната соба беше полна со луѓе. Солзи и прашања... Болка...