... Патував.
Долго патував. Патував низ мислите на моето его. Го слушав ехото на моето
двоумење. Сакав да знам. Сакам да знам. Се уште се прашувам... Можеби секогаш
ќе се прашувам.Можеби... Заклучив дека се битни моментите, еден момент значи
еден живот. Живеев многу животи. Доживеав многу моменти. Времето сепак не
постои, тоа е само граница што сами ја поставивме, начин на доживување на
работите. Битно е сега и тука... Но јас едвај се држам за сламката , вкопана и
израсната во моментот тука, а сепак чувствувам дека сум доживеал многу
моменти... Остарев? Не.
... Очите и
светеа. Таа блескаше... И повторно се прашувам, треба ли да ти го раскажам ова?
... Воздишка... Олеснување... Надеж... Љубов... Болка... Зависност...
Несигурност... Љубов... Светлина... Убавина... Ти го давам овој хаос од
зборови, емоции и моменти, тоа е една приказна, можеби досадна, можеби
возбудлива... Оваа сложувалка само јас ја доживувам како нешто свето. РЕШИ
ЈА!!!...
ТЕ САКАМ!