Роб на времето

                        

 

 

... Ноќ... Заробен во своите мисли бесцелно талкаше во џунглата од бетонски зданија, полни со желби и луѓе. Полни со надеж. Зарем скитникот,зад оној столб, што го рани своето куче, е единственото навистина живо суштество во оваа мизерна, огромна макета, производ на контстантното движење на енергијата? Зарем сите останати души не знаат дека живеат?...

 

Зарем... Но и не е битно сега тоа. Битно е да се преживее следниот час, следната минута, следната секунда.

 

...Изгубени души, да вие што го продолжувате клишето на вашите родители, вие кои што сте исполниле само една капка од она што се очекувало од вас, знаете ли дека можете да бидете живи? Знаете ли дека вашата моќ е многу поголема од она што го гледате и чувствувате секој проклет ден? Не вие ништо не знаете.

 

... Бог е семоќен, бог го створил човекот според ликот свој... Човекот е Бог... Боже , помогни ми да се најдам себе си, помогни ми да го пребродам овој ден , овој проколнат временски ограничен ден... Изгубен човеку, па ти веќе  си ...

 

... И се уште е ноќ. Тој се уште е заробен во своите мисли... Залудно...




 




На почеток




 




Бојан Сеировски ©