Пристигнав. И ти пристигна со мене. Заедно пристигнавме на едно место, каде што ќе бидеме заробеници. Ропството тука е дар. Или ќе бидеш роб или нема да бидеш ништо. Роб на своите мисли, потреби, емоции. Едноставно роб. Полека го отварам очите. Ова е куќа, пријатна куќа. Од нејзините ѕидови зрачи светлина, но сепак се чувствуваат невидливите синџири кои што те врзуваат за овој универзум. Ние имаме една задача. Треба да ја звршиме за една теранска временска единица или 80 човечки години. Тоа е малку време...
Ги гледам овие човечки суштества околу мене. Толку многу се трудат да го сменат својот свет секој за себе. Забележувам и дел од нив кои се како нас, односно тие се од "нашето" место. Посакувам да можеше и ти да го видиш ова , но ти си само советник, ти не го поседуваш тоа сетило. Вид. Сетило базирано на нерви кои реагираат на надоаѓачка светлина. Да вид. Секогаш ме засмејувале овие самонаречени биокомпјутери. Се сметаат за комлексни природни машини и сакаат да си го олеснат животот правејќи некои примитивни помагала, направени според правилата на нивниот свет. О, прераснати мајмуни, затоа ли Господарот ви овозможи да стапнете на следното скалило на еволуцијата? Кои сте вие да го менувате универзумот и правилата во него? Вие , мили мои, бевте и се уште сте само еден експеримент, Вие сте само еден примитивен атом, микросвет кој нема скоро никакво значење во просторот. Самите се доведувате до граница на лудило пробувајќи да го преуредите универзумот онака како што вам ви одговара. Колку малку знаете за самите себе ни Вие не сте свесни...
...Тоа беше голем излог. На него пишуваше "Антиквитети". Продавницата се наоѓаше во Nењ Ѕоrk, "Големото јаболко". Влегов . Ме облеа светлина од насмевката на малата прекрасна блондинка што стоеше позади касата.
- Повелете , како можам да ве услужам?
- Барам амајлија?
- Дали би можеле да ми ја опишете?
- Па тоа би требало да изгледа како не многу мал железен диск, со смарагд во неговиот центар, би требало да потекнува од 1200 год. п.н.е.
- Мислам дека имаме нешто такво. Ве молам причекајте.
Пријатна личност. Можеби потекнува од нашиот свет. Или пак можеби е само уште еден хибрид. Од Врховниот совет ме предупредија и ми кажаа дека во другите светови постојат околу 100 милиони хибриди. Некои од нив станале свесни за свето потекло и оформиле нешто како тајно друштво, кое се обидува да не избрка. Што мислиш ти? ....
Малечката продавачка се врати.
- Го најдов господине, дали е ова тоа што го барате?
- ... Да , токму тоа.
- Ќе ве чини 10 000 долари.
- Во ред. Дали работите соVISA?
- Да ... Причекајте да ви го спакувам.
- Се извинувам, дали е ваша продавницата?
- Не, ја наследив од татко ми .
Позади неа на ѕидот беше закачена слика на еден висок човек во униформа, до кого стоеше мало, старо човече со ориентални црти на лицето.
- Дали е тоа вашиот татко?
- Да , тој беше воен аташе на Велика Британија во Тајланд.
- Човек од авантура?
- Не , тој само го барал своето место во светот.
- Извинете ако прашав нешто погрешно, но сепак љубопитноста беше премногу јака.
Таа благо се насмевна. Што ли се крие позади таа светла насмевка? Го мразам овој начин на патување , толку многу ме ограничува.Ме тера на размислување.Тоа пак премногу ме ограничува, се губам самиот себе си во своите мисли...Човекот на сликата изгледаше како да се нашол самиот себе си во тоа некое заборавено местенце, обраснато со треви и дрва. Тој материјализам го направил толку спокоен. Чудно е колку многу можеш да дознаеш од изразот на лицето. Не , сепак не е. Тоа се само законите , правилата, треба само да ги запомниш и...Останатото е веќе познато...
Малечката продавачка имаше навистина интересна приказна. Да таа беше светлината што недостасуваше на неговиот универзум. Тоа спокојно мало сусштество ги сакаше вистинските и искрените бои на животот. Таа беше последниот дел од сложувалката , целта на неговото патување. Требаше само да го најде одговорот на прашањето што тие му го поставија и теи ќе беа едно. По тоа ВРАЌАЊЕТО е веќе неизбежно, хармонијата на духовниот дом е веќе пред него...