...Повторно беше таму каде што припаѓа. Не беше преоптоварен со поимот време. Не беше преоптоварен ни со поимот тело. Враќањето беше нешто што го претскажуваше повторниот премин. Враќањето беше потсетување намногу прашања. Сите тие го сакаа враќањето. Ја сакаа таа мистерија околу нив, го сакаа тој свет со малку поими, свет недефиниран од материјалните суштества. Меѓусвет. Место каде што мистеријата беше неизбежна.
Двајцата повторно се сретнаа. И двајцата имаа премногу прашања, но чувствуваа дека нема потреба од одговори. Ја сакаа мистеријата како и сите други. Се сакаа. Или барем нешто слично на тоа. Нешто што ги врза за секогаш постоеше. Беа среќни. Толку . беа среќни...
...Се сети на нивнот врзување, на она прво љубовно доживување...
...Зора.1678 година, 29 април, сабота.Или можеби беше петок.Собата беше преплавена со мирис на испотени тела.Поточно две испотени тела.Поточно едно машко и едно женско тело.Да, да...Двете тела лежеа прегрнати на тој груб душек.Иако беше тврд, душекот не претставуваше пречка за страсната ноќ што измина.Ноќ на екстази, ноќ на разменување на љубов...
...Ноќ.1678 година, 28 април.Двете тела се споени.Тие се еден до друг.Тие се заедно. Неговите раце полека минуваат по нејзината нежна кожа, краткотрајно покривајќи ја секоја нејзина пора, притоа апсорбирајќи ги незините воздишки како да се последната работа што ја слуша. Даваше многу од себе. Ги даваше своите бакнежи...Ги предаваше своите бакнежи, го даваше своето срце, ја подаруваше својата насмевка...
...Утро.1678 година, 29 април.Собата беше преплавена со светлина.Облаците премногу добро го криеја сонцето што требаше да ја осветли и насмее селската природа.Сепак собата беше преплавена со светлина.Две насмевки светеа...
Прашањата престанаа повторно.