Преминот

                            

 

 

            Неговиот поглед беше вперен некаде далеку. Размислуваше. Размислуваше за сите оние мали нешта во животот што те тераат да бидеш ... СИЛЕН !!!

          О да . Размислуваше и за тоа како се најде тука , со неа. А , да таа беше прекрасна. Но зарем е тоа битно сега кога има поважни работи за размислување? Паааа.... битно е , а и не е.

            Но сепак , треба да се врати на своите вистински мисли...Да своите вистински мисли.Тајните на Универзумот , тајните на човечкиот ум, паранормалните појави. Но како , како може да го направи тоа кога покрај неа сите тие работи се неважни. Како ?

 

... Некој некогаш ми кажа дека тајната е во едноставноста.

-          Едноставно , не се труди да го разбереш животот , не се труди да ги разбереш "луѓето" затоа што тие нема да се потрудат да те разберат тебе.

Точно, никој не се труди да ме разбере. Сите се толку внесени во своите проблеми и во надополнување на своето ЕГО, толку многу внесени што не ја гледаат оваа убавина што се наоѓа пред нив.

          Ние луѓето живееме во свет ограничен само со време. Време за будење, работно време, време за појадок, време за ручек, време за забава. Но зарем тоа ВРЕМЕ  постои ? Зарем само тоа не спречува да опстоиме без страв? Зарем тоа е она што ни наложува да бидеме толку ранливи?

          Пред два века точно еден евреин(?) рекол дека се е релативно и дека времето не постои . Тоа е точно ... Се разбира не за секого. Дали некогаш ова "совршено"  суштество, оваа симбиоза од луѓе ќе го разбере тоа? Можеби ...

 

          ... Веќе беше преморен. А и доцна беше . Втората  месечина се појавуваше на пурпурното небо , што значи дека според онаа човечки наложена претстава за времето , сега е околу полноќ. Да, време е за последниот сон. Тој не се чувствуваше воопшто заморен или спремен да го направи тоа. Зошто? Ја мразеше помислата дека треба да го заврши својот престој на овој свет сега...

         

...Премногу е рано . Релативно рано. Ми требаа 200 години да се најдам себе си, а само 20 дена за да "заминам"  од тука. Тука се е така прекрасно. Таа не знае дека ќе заминам. Не можам да и кажам дека заминувам. Всушност јас и не заминувам , туку само се враќам од местото од каде што дојдов. Мислам дека тоа беше онаа мала ништожна планета ... Како ли се викаше ? Да таму каде што живеат оние безвредни суштества наречени луѓе . Не е битно...

 Тој не го знаеше тоа . Знаеше дека и таа доаѓа од таму. Помислата дека можеби таму повторно ќе се сретнат му даваше голема сила. Тогаш го облеа смиреност. Не се осетил толку смирен ...  Пред да дојде тука тој имаше некоја ознака, нешто што луѓето го викаа име. Тука се разбира тоа не беше потребно затоа што тука неговата егзистенција, неговиот идентитет, не беше загрозен поради недостаток на информации или поради недостаток на "пријатели"  . Тука едноставно беше тој , еден од многуте "регулатори" ,  кои го контролираа и го чуваа она човечко време. Тука сите беа исти. Сите беа среќни затоа што поимот тага не постоеше , бидејќи поимот време беше премногу релативен за сите овие ентитети околу него, па никој не се залагаше да ја запишува историјата , бидејќи ја немаше. Никој не знаеше кој од каде доаѓа . Секој знаеше само каде треба да оди. ТУКА беше премногу ... раздвижено...

 

...Вчера е сега, утре е вчера или обратно . Се е толку помешано , а сепак се е толку хармонично , толку едноставно, толку неограничено, ТОЛКУ ЗБУНУВАЧКИ...

...Мораше да мисли и на преминот. Да , мораше. Не знеше само кога ќе се појави . Знаеше точно каде . Тоа го плашеше малку , но тука и не постоеше страв. Стравот го идентификуваа како незнаење. Кај луѓето стравот беше поинаку опишан. Кај луѓето...

 

...Има многу емоции. Тие се повеќе ограничени од нас со тоа "време" . Заробени во самите себе, не знаејќи дека времето за нив и не постои...

 

...И тогаш некаде од длабочината на неговиот ум исплива следното прашање...

 

... А всушност колку сум јас стар ? 1 секунда, 1 ден? Тука тоа не е битно , но таму  ... таму е премногу битно.Битно е, битно е времето. Толку многу го поврзуваат времето со сите свои потреби во животот. А зарем тоа е живот? ...

 

...Премногу беше сето ова , овие мисли го мачеа. Се чувствуваше како да бил цел живот во некоја стапица од која не може да излезе. Реши да престане. Повторно ја погледна. Нејзината смиреност го воодушеви.Таа беше тука секогаш кога тој ќе се вратеше , секогаш го чекаше. Не знаеше каде се запознаа. Не знаеше ни дали таа патува. Знаеше само дека таа беше тука, само тоа. И тогаш почна . Почнаа оние вообичаени чудни блесоци, она магловито познато чувство на леснотија и меланхолнија. Тој веќе поаѓа...

 

            ... Зарем сега? Но зошто? Сеуште останаа неодговорени истите прашања, се уште остана истата болка. Доцна е. Време е за последниот сон, време е за збогум...Да, збогум...За сега...

 

            ...Полека легна на подот, ги затвори очите, и замина...Замина со помислата дека повторно ќе дојде тука, со надеж дека следниот пат ќе има повеќе време за истите прашања, повеќе време за да ја исфрли од себе таа иста голема болка. Сепак на секој крај единствено само надежта останува... За секогаш.




 




На почеток




 




Бојан Сеировски ©