Не свртувај се човеку

 

 

 

          Страв. Сите тие се плашеа од нешто. Од утрешниот ден, од претпоставениот-шефот, за своите деца. Сите живеат во страв. Го гледав мојот штитеник. И тој се плашеше. Се плашеше да не греши, да не го направи она што одамна го мачеше.

 

          ... Ножот што ми го подари дедо ми? Не , сепак е ризично, не сакам. Не сум убиец. Сакам да бидам ЧИСТ пред Господ. Но тој, тој е , тој е  бесчувствително копиле. Морам да го сопрам. Ако ангелот ми го покажа вистинскиот исход од неговите амбиции и желби, морам , едноставно морам да го отстранам. Го загадува овој човечки затворен универзум. Неговите пораки и пропаганди дека сме сами и дека само еден треба да не води ... одвратно... Сите тие слики.... Обезглавени тела, мајки молат за животите на своите деца... морам ... Морам да го сопрам својот брат. Но тој ми е брат. БРАТ!!! По ѓаволите , како да го УБИЈАМ својот брат. НО МОРАМ...

 

 

          ... Во еден момент , почувствува дека нема да го направи тоа. Помислив дека сум згрешил, сум го избрал погрешниот штитеник. Но тоа беше наредба од советот. Јас, како член извршител, морам да ги следам нивните напатсвија. Морам да го водам мојот штитеник до крајот , морам да бидам со него. Неговото преминување , како што беше пресметано и предвидено, е неизбежно. Тој треба да стане еден од нас. Продолжив да посматрам. Го гледав тоа кревко суштество како се двоуми. Неговата одлука беше неизбежна. Тој почна да САКА да го направи тоа...

 

          ... Пиштолот? Не. Сепак овој нож. Овој нож ми го подари големиот шаман од Чиле. Светлиот бодеж , така го нарече...

 

           .... Треба да се сретнеме. Ја кревам Слушалката од безжичниот телефон. Го вртам бројот на мојот РОДЕН и САКАН брат, голем човек, деловен човек. Во неговата десна рака ги држи тестисите на сите мали влијателни рипчиња, а со неговата лева рака им заповеда. Како не го видов тоа досега. Еве го :

·        Ало?

·        Здраво Симон.

·        БРАТЕ! Како си? Нешто се случува? Зашто ми се јавуваш доцна?

·        Имам изненадување за тебе Симон

·        Навистина? Сакаш да се искупиш за роденденот нели? Па може да почека до утре...

·        Не Симон, не може, утре веќе нема да биде изненадување, а ме знаеш мене брате, никогаш не сакам да те држам во неизвесност и исчекување...

·        Во ред брат, кажувај.

·        Сретни ме за половина час во гаражата во зградата на Андреа, твојата секретарка

·        Ееееј, сакаш да ме наместиш?! Мислев дека си ми брат?

·        Не Симон, нема никаква врска со тоа, само сретни ме , ти ветувам , ке бид е огромно изненадување. Те молам.

·        Во ред, во ред, се чекаме таму за 30 минути. Друго нешто брат?

·        Ќе ти раскажам се кога ќе се сретнеме, во ред?

·        Ок, како сакаш...

·        Те молам , дојди сам, не ги носи они  твои говеда со 2 грама мозок, изненадувањето е само за тебе.

·        Но... Ок , ќе дојдам сам.

·        Се гледаме Симон.

 

... Можеби треба да го земам и овој шприц. Чудно се појави од никаде на мојата маса. Можеби е отров? Можеби. Тоа не е битно сега. Јас ја донесов мојата одлука....

 

... Го посматрав долго време. Беше смирен, Повеќе отколку што очекував. Ме изненадува. Сепак , јас сум само еден пион, потрошен материјал, и се чудам како опстојав толку еони. Од една во друга цивилизација, од еден во друг облик. До сега требаше да станам член на советот. Но тоа не е битно, морам да го поддржам. Седна во неговата тојота. Го следев цело време, бев до него, над него , бев со него, тој воопшто не се плашеше, едноставно веруваше...

 

... Ќе чекам да излезе од колата , ке го прегрнам и тогаш, ке го заријам ножот во неговото срце. Не сакам да ги гледам неговите очи. Само сакам да го завршам тоа што ми беше кажано. Еве го, навистина е сам. Секако , тој не се одвојува од својот Мерцедес, понекогаш мислам деко го сака повеќе од својата прекрасна жена. Ако воопшто ја сака. Колку пати ги прекинував , ненамерно , неговите секс сеанси со Андреа. Ја заведуваше со празни ветувања. Клише...

·        Здраво брате . што е толку важно што ме измолкна од мојот мек и удобен кревет?

·        Симон, ти си ми брат, те сакам како брат, по смртта на мама и тато , останавме само јас и ти, секој тргна по својот пат, се плашам дека твојот може да заврши прерано.

·        Какви неразбирливи глупости тресеш Марко? Што зборуваш човеку?

·        Симон , те молам , те молам , те преколнувам свести се , смени се , те молам како брат , Симон!

·        Мојот живот Марко е мој живот , јас те извадив од оние гомна во кои беше заглавен цели 10 години, немаш никакво право да ми кажуваш  што да правам, ЈАСНО! А баш, си помислив дека сакаш да се искупиш за роденденската забава на која не се ни појави.

·        Симон не ми остваш избор, уште еднаш, те преколнувам, смени се!

·        Бладаш човеку, бладаш... Можеби треба да те однесеме некаде , некоја болница , институција, да ти помогнат...

 

... Тој го прегрна својт брат. Го сакаше. Иако ова што треба да го направо го болеше, тој ќе го направи. ДА! Конечно. Брзо и силно го зари ножот во неговиот граден кош. Не течеше многу крв на почетокот. Телото на Симон падна. Зачудено гледаше , беше збунет. Во неговиот поглед се гледаше предавство. но Марко, не го гледаше воопшто. Стоеше така и слушаше како неговиот роден брат полека преминува, умира. На подот се разлеваше крвта на Симон. Ножот беше целосно навлезе , потполно ја уништи едната комора на неговото срце. Марко сеусште стоеше. Не се воздржа. Се Сврте. Гледаше во безживотното тело на брата си. Плачеше. Но , истовремено, почувствува мир, леснотија. Му порачав да не се врти , но тој сепак... значи навистина треба да премине. Го разбра значењето на инјекцијата. Тоа беше еден вид на цијанид. Не само што го труе телото, туку и инстантно го разградува. Ја зари силно иглата од шприцот во својот граден кош и силно притисна. Неговото тело почна да се тресе. Потоа, падна на асфалтниот под. Се што остана од материјалнот Марко беше неговата облека. Конечно почнавме да се поврзуваме. Му пренесов да не се врти, но тој, сепак се сврте. Тоа премногу човечки. Старешините беа во право, тој требаше да премине и премина. Го започнувам процесот за патување кон Меѓупросторот.... Марко сепак се сврте. Трагично, но сепак човечки

Written by Martin Zycel




 




На почеток




 




Бојан Сеировски ©