Набљудување

 

 

 

 

 

    Таа лежеше на софата, испружена. Нејзиното , полуголо тело беше опуштено. Мојата задача беше да ја упатувам. Сепак, јас сум дел од големото постоење, од големото движење. Се уште се прашував како функционираат односите меѓу спротивните полови кај овие суштества и што по ѓаволите гледаат сите оние мажи во неа ( по ѓаволите , тоа го научив тука, сигуно сум дека ќе бидам казнето кога ќе се вратам во континуумот, но , интересно е ) . Да продолжам со моето набљудување. Таа стана. Носеше само градник,гаќички и свилена ноќница. полека одеше кон огледалото. Застана. Мислам дека се восхитуваше на своето тело подолго од 10 минути, нежно допирајќи ги убаво обликуваните мускули на стомакот, задникот... Се прашував , и се уште се пршаувам, ако бев машко , како ќе реагирав, какви емоции ќе извираа од мене? Но , јас сум само едно бесполово суштество, бестелесно, според нивните погледи на светот. Не верувам дека некогаш ќе дознаам.

        ... Полека , ноншалантно и нежно се оддалечи од големото огледало и повторно се испружи на софата. Размислуваше. Размислуваше за тоа колку многу е осамена , а сепак може да го има, да го поседува секој маж на планетава. Добро не баш секој. И се додворуваа секој ден од најпрефинети и најкултурни господа до најнеуки и најсиромашни идиоти, со одвратни манири. Тоа е толку не веројатно за мене, набљудуваљето на сите тие ритуали и ситуации...

         Таа е прекрасна девојка. Има долга,црна и мазна коса. Телото и е (беше , сеедно , за мене времето не е граница) убаво извајано. Таа вечер, откако легна на софата повторно, посегна кон малата масичка со стаклена плоча. Ја зема Беретата, купена на црно, и почна да се милува со неа. Полека ја движеше цевката по нејзиниот рамен стомак, воздивнувајќи од возбуда. Неколку пати забележав дека сака да го повлече прекинувачот, мислеше дека така... Не е битно. Се предомисли. Го остави пиштолот на масата. Свати дека е осамена и покрај многуте додворувачи. Почна да плаче. Тивко , во себе. Солзите полека се лизгаа по нејзините млади образи. ја крена главата , претходно сокриена со дланките, и погледна кон огледалото повторно....

 

 

     .... Треба сега да заминам. Иако би сакал да останам да набљудувам уште , но колективот, големото постоење , ме повика. Сите ние , набљудувачи , сме едно, една целина...




 




На почеток




 




Бојан Сеировски ©